Наполи го следи дефанзивецот на Арсенал, Такехиро Томијасу, во обид да ангажира нов дефанзивец во зимскиот преоден рок.
Наполи го загуби Натан поради повреда и суспензија, па ќе треба да игра со Хуан Жесус на левата бековска позиција. Со тоа останува испразнета фрезервната варијанта за централен бек. Клубот мора да ангажира дефанзивец во јануари и да ја засили својата последна линија.
„Ил Матино“ денеска објави некои имиња за кои се интересира Наполи, а едно од нив е Томијасу. Арсенал ја отвори можноста да го пушти да замине на позајмица во јануари, со тоа што во договорот би имало клаузула за постојан откуп во јуни.
Наполи гледа и на уште едно име од Арсенал, Јакуб Кивиор, но „топчиите“ не сакаат да го дадат на позајмица. Џорџо Скалвини од Аталанта е исто така опција, како и одличниот Раду Драгушин од Џенова.