Шампионот на два бода од врвот, Астон Вила се израмни со Ливерпул

175

Во попладневната програма на последното годиешно коло од Премиер Лигата имавме можност да испратиме четири интересни натпревари во кои победи остварија фаворитите.

На „Етихад“ екипата на Манчестер Сити предводена од Пеп Гвардиола рутински ја совлада екипата на Шефилд Ј. со 2:0. Стрелци на погодоците беа Родри во 14-тата (ВИДЕО) и Алварез во 61-та минута (ВИДЕО). Со оваа победа “граѓаните” останаа во трката за врвот на таблата во Ангија.

На најдраматичниот меч ова попладне Астон Вила оствари победа со резултат 3:2 против екипата на Барнли. Екипата на Унаи Емери до нови три бода стигна со головите на Бејли во 28-та, Диаби во 42-та минута и оној решавачкиот на Даглас Луиз од пенал во 89. минута. Одличниот Барнли и со играч помалку успеа до финишот да биде во егал, откако со головите на Амдуни во 30-тата и на Фостер во 71-та минута дојде до 2:2, но не успеа да извади бод на ова тешко гостување.

На останатите два натпревари екипата на Вулверхемптон рутински со 3:0 ја победи екипата на Евертон со головите на Килман, Куња и Досон. Исто така на „Селхрст Парк“, Кристал Палас оствари победа против Брентфорд со резултат 3:1. Стрелци за домаќините беа Олисе со два гола и Езе, додека за гостите погоди Луис Портер.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноИњаки за одлуката да игра за Гана: Знаев дека Енрике намаше да ме повика
СледноБензема си заминал од Саудиска Арабија, никој не знае дали ќе се врати