Дончиќ со историска партија која НБА-лига ја чекаше 63 години (ВИДЕО)

7039

Кошаркарите на Далас Маверикс на гостински терен го победија Голден Стејт со 132:122, а Лука Дончиќ одигра уште еден спектакуларен натпревар и на најдобар можен начин ја заврши 2023 година.

Од почетокот натпреварот беше израмнет, но Далас успеа да дојде до предност веќе во првиот дел, водеше со 34:26, водство кое не го испушти до самиот крај.

Стеф Кари и Лука Дончиќ на крајот имаа вистинска битка, а победата во секоја смисла ја извојува Словенецот кој по којзнае кој пат со својата игра го воодушеви кошаркарскиот свет.

На крајот, Дончиќ го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок, кој успеа да постигне дури 39 поени и да додаде десет асистенции, а забележа и осум скока.

Словенецот влезе во историјата на НБА бидејќи стана само вториот кошаркар кој забележал 35+ поени, 8+ скока и 10+ асистенции во просек во текот на еден месец (минимум десет натпревари). Пред него тоа го имаше направено само Оскар Робертсон, исто така во декември, но во далечната 1960 година.


На другата страна Кари застана на 25 поени, а успеа да додаде уште седум асистенции и два скока и не можеше да го издржи неверојатното темпо на Дончиќ.

На останатите средби, Детроит славеше против Торонто со 129-127, Индијана беше подобра од Њујорк со 140-126, Чикаго ја победи Филаделфија со 105-92, Лејкерси беа поразени кај Минесота со 108-106.

ПретходноМеси му донесе богатство на соседот: Цената на неговата куќа сега е поголема за 25 милиони долари
СледноМурињо: Луѓето треба да го почитуваат она што го правиме со Рома во овие услови