На Ѓоковиќ му беше поставено незгодно прашање, но снаодливо успеа да се извлече!

4435

Српскиот тенисер во својата долга кариера успеа да освои 24 Грен слем турнири и да остане на врвот на АТП листата повеќе од 400 недели. Ова претставува апсолутен рекорд во историјата на тенисот.

Во интервју за L’Equipe, Новак Ѓоковиќ беше запрашан дали се смета себеси за најдобар тенисер во историјата на овој спорт и дали ги надминал Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Србинот избегна да даде конкретен одговор и тврди дека ќе остави на други да утврдат кој е најдобар тенисер. Притоа, Ѓоковиќ понуди три можни одговори на ова прашање.

Прва опција: „Јас сум најдобар“. Ако размислуваме така, некои ќе речат: „Тој е арогантен! Тој не ги почитува другите“.

Друга опција е да кажете: „Мислам дека не сум најдобар“, па покажувате скромност.

И третото: „Јас сум тоа што сум, горд сум на постигнатото, но ги почитувам и другите мислења, оставајќи ја дискусијата за тоа кој е најдобар во рацете на другите. Третата опција е мојот конечен одговор“, изјави Ѓоковиќ, пренесува L’Equipe.

ПретходноМурињо: Луѓето треба да го почитуваат она што го правиме со Рома во овие услови
СледноЛегендарниот Невил брутален кон неговиот Јунајтед поради одлуката за Антони