Турција е на нозе! Претседателот на Фудбалската федерација со срамен потег: “Ајде да им ги земеме парите!“

18232

Како и секогаш, како и секаде, има некој што оди наспроти интересите на својата држава, на својот народ. Така е деновиве во Турција во која цела нација се обедини откако Фенер и Галата одбија да го одиграа Суперкупот зошто од домаќинот, од Саудијците, им беше побарано на играчите да ги симнат маичките на кои стоеше ликот на Кемал Ататурк – таткото на модерна Турција.

Експедициите на Фенер и Галата во Турција се вратија како херои, се обеденија и сите клубови, но она што го направил претседателот на Турската фудбалска Федерација во С. Арабија пред мечот било повеќе од срамно.

Имено како што известуваат медиумите во Турција, претседателот Мехмет Бујукекши, побарал од првите луѓе на Фенер и Галата, Али Коч и Ерден Тимур, а потоа и од играчите да ги симнат маичките со ликот на Ататурк и да го одиграат натпреварот.

Ајде да им ги земеме парите“ им порачал Бујукекши на Фенер и Галата. Во прашање биле 40 милиони евра кои Саудијците требало да го платат овој меч на Турската федерација.

Коч и Тимур биле запрепастени а играчите збеснале, посебно турските. Па зарем за 40 милиони да се продава гордоста на Турција се прашувале сите во Фенер и Галата.

По ова Турција е на нозе, повеќе од јасно е дека Бујукекши веќе е бивши на функцијата.

ПретходноНасловната на “Марка“: Новак е КРАЛОТ на 2023! (ФОТО)
СледноЗнаете ли колку заработуваат маскотите во НБА лигата?