Ѕвездата на Барселона зад себе има доста напорна и бурна сезона. Не можеше да му донесе шампионска титула на каталонскиот гигант, но го освои Купот на Кралот.
По завршување на обврските со аргентинската репрезентација со која ја освои Копа Америка и дојде до големиот трофеј, одлучи малку да се одмори. Меси батериите ги полни во Мајами. Веднаш по пристигнувањето настана вистински хаос, фановите го „нападнаа“, сите сакаа да направат фотографија со својот идол.
Lionel Messi getting mobbed in Miami, Florida. This via TNT Sports. pic.twitter.com/YFkagjAzJ9
— Roy Nemer (@RoyNemer) July 16, 2021