Јокиќ и временската машина – број еден момент против Шарлот (ВИДЕО)

454

Денвер со победа тргна во Новата 2024 година, откако на домашен терен славеше против Шарлот со 111-93. Српскиот центар за 28 минути на теренот, запиша дабл-дабл од 13 поени и имаше 11 скока. Пред Јокиќ овој пат беа Џамал Мареј кој даде 25 поени и Мајкл Портер јуниор со 22 поени.

Јокиќ повторно се најде во центарот на вниманието. Но поради играта, туку поради неговиот одговор на прашањето што би направил доколку може да патува низ времето. Ова видео беше пуштено во првата четвртина, а дефинитивно Јокиќ успеа да ги насмее фаоновите.

„Би се навратил во деновите кога нема ни видео снимки и телефони, ни ништо. Само луѓе. Само да видиш како живееле луѓето, кога не можел на никого да се јавиш“, рекол Србинот.

Резултати: Торонто – Кливленд 124:121, Хјустон – Детроит 136:133, Милвоки – Индијана 113:122, Денвер – Шарлот 111:93, Феникс – Портланд 109:88, Јута – Далас 127:90, ЛА Клиперс – Мајами 121:104.

ПретходноАктивирана чудната клаузула во договорот на Дибала
СледноНовак Ѓоковиќ се закануваше дека нема да продолжи да игра!