Омерагиќ: Имаме тешка група, тоа нема да не спречи да покажеме дека вредиме!

370

Предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров и на ова големо натпреварување во составот ќе има млади и неискусни ракометари по промената на генерацијата и пензионирањето на лидерите.

Еден од оние кои ќе ја чекаат својата шанса да заигра на големите натпреварувања е Едвин Омерагиќ, тој се најде на скратениот список на Лазаров.

„Ние сме млади играчи, за дел од нас ова ќе биде прво големо натпреварување, но токму затоа желбата за докажување е голема, а истата ќе придонесе да го дадеме маскимумот на терен.

Играме против три големи репрезентации. Да не заборавиме дека и Швајцарија е силна, има играчи кои се активни на европска сцена. Што се однесува до Франција и до Германија, за какви противници станува збор и со каков предизвик треба да се соочиме доволно говори фактот дека се главни кандидати за медал. Иако на хартија најмалку се очекува од нас и дел од репрезентациите ќе не потеценат, ние ќе покажеме „заби“. Сакаме да покажеме дека вредиме и достојано да ја претставиме Македонија.

Создадовме одлична атмосфера за време на подготовките во Стара Пазова, што пак е многу важно пред настап на едно вакво големо натпреварување“, изјави Омерагиќ во гостувањето во утринската емисија во МРТ.

Македонија пред да замине за Германија ќе одигра две пријателски средби против Грција во СЦ „Борис Трајковски“. Првата на 4-ти јануари ќе биде од отворен карактер, додека втората ќе биде затворена.

ПретходноВардар доби список за нови играчи од новиот шеф
СледноАнчелоти со тешко срце призна: Никогаш нема да го тренирам тимот кого се уште го сакам!