Анчелоти со тешко срце призна: Никогаш нема да го тренирам тимот кого се уште го сакам!

5079

Еден од најдобрите светски тренери, Карло Анчелоти, освојуваше трофеи со бројни клубови, но никогаш немаше можност да го води тимот за кој навиваше како дете.

Сите, вклучително и големите светски тренери, како деца ги имаа своите фаворити и клубови при срце. Во случајот со Карло Анчелоти, тоа беше одличниот од Милано.

„Кога бев дете навивав за Интер. Сè уште го сакам тој клуб. Но, никогаш нема да го тренирам“, искрено изјави италијанскиот стручњак, кој златните тренерски денови ги помина на клупата на градскиот ривал на Интер, Милан.

Шеесет и четиригодишниот Анчелоти е на клупата на Реал од летото 2021 година, кој е лидер во лигата со 45 бода од 18 натпревари. Трофејниот тренер кариерата ја започна како помошник во стручниот штаб на италијанската репрезентација, а раководеше со Реџина, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн, Наполи и Евертон.

Тој неодамна го продолжи договорот со Реал до летото 2026 година, иако претходно се чинеше дека по втор пат ќе го напушти Мадрид на крајот од актуелната сезона и ќе ја преземе клупата на бразилската репрезентација.

Италијанецот се предомисли најмногу поради промените во раководството на Бразилската фудбалска асоцијација и реши да ги води кралевите барем уште една сезона.

ПретходноОмерагиќ: Имаме тешка група, тоа нема да не спречи да покажеме дека вредиме!
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА во 2023 донираше 49.278.000 денари