По два дена пауза македонската ракометна репрезентација продолжи со подготовките за Европското првенство 2024 година. Кирил Лазаров и неговите момци имаат уште осум дена до првиот дуел против Франција во Дизелдорф.
Последниот тест ќе биде против Грција на 4. и 5. јануари, а потоа ќе имаат уште неколку дена да ги комплетираат подготовките.
Македонија е во тешка група, покрај Франција, ќе игра уште со Германија и Швајцарија, овие два меча се во Берлин.