Магична ноќ на Звезда во Истанбул – успеа да го совлада Фенербахче!

311

Екипата на Црвена Звезда направи сензационален резултат во Истанбул, го порази Фенербахче со 85:76 во 18 коло на Евролигата. Турскиот тим го доживеа првиот пораз на домашен терен сезонава во Евролигата после скор од 9-0.
А ништо не навестуваше на ваков расплет во Истанбул затоа што турскиот тим водеше на полувреме, а на стартот на второто имаше и 11 поени предност. Звезда во второто полувреме се разигра, во еден момент направи серија од 11-0 и создаде предност (61:57) која до крајот постојано ја одржуваше.
Кај Звезда најефикасен беше Џоел Боломбој со 24 поени, Рокас Гиедраитис постигна 19, Ханга 12… Кај Фенер се истакна Најџел Хајс-Дејвис со 21 поен.

ПретходноОсум дена до стартот на ЕП 2024: Ракометарите во „турбо“ ритам (ФОТО)
СледноВан Бронхорст ќе биде новиот тренер на Бешикташ