Две легенди од противниците на Македонија ќе го одиграат последниот танц на ЕП 2024

338

Седум дена ја делат ракометна Европа од стартот на новото континенталното натпреварување. Полека може да се почувствува еуфоријата меѓу земјите учеснички, а една од нив е Македонија. И овој јануари, нашата репрезентација ќе биде дел од европскиот крем ама во вистински смисла на зборот, ќе игра против Франција и Германија, двајца кандидати за медал како и Швајцарија која колку и да не сакаме да си признаеме има силен тим.

Токму ова ЕП 2024 година ќе биде последно за две ѕвезди кои доаѓаат од противничките тимови во нашата група.

Никола Карабтиќ ќе го одигра последниот танц во дресот на Франција, која на стартот ќе ги одмери силите токму против Македонија. И не е само тој, и Енди Шмид ќе стави крај на својата богата репрезентативна кариера во дресот на Швајцарија.

39-годишниот Карабатиќ веќе три пати го освојуваше натпреварувањето со Франција, во 2006, 2010 и 2014 година и има два бронзени медали на ЕХФ ЕУРО. Шмид пак ќе се обиде на 40 години да испише врвна ракометна бајка со својата земја.

ПретходноБарса се ослободи од него во 2021 година, сега ќе биде продаден за 60 милиони евра
СледноЃоковиќ е голем: Повредата влијаеше на играта, но нема да му ги одземам заслугите на Минаур