Пиоли ги предупреди „недопирливите“: Коцките се местат, фантастични млади играчи се спремни за првиот тим

489

Милан ја стартуваше 2024 година со убедлива победа над Каљари со 4:1 и пласман во полуфиналето на Купот на Италија. На овој меч тренерот Стефано Пиоли експериментираше во составот стави неколку млади фудбалери кои одиграа одлично. Бекот Јан-Карло Симиќ, потоа левиот бек Алекс Хименез, Чака Траоре кој постигна и гол на овој меч. Во игра влегоа и Давиде Бартезаги и Кевин Зероли. Со тоа испрати порака на првотимците дека во грб им гледаат млади и талентирани играчи.
Дел од момците беа нервозни на почетокот, но кога го пробивме мразот со првиот гол се беше полесно. Овие деца имаат квалитет, талент, но пред се одличен став кон кој мора да се придржуваат. Не е ова избрзано. Добро се подготвени затоа и добија шанса да играат. Некогаш ми е полесно да тренирам млади играчи отколку повозрасните, некогаш обратно. Но нивниот однос на овој меч покажува дека во академијата на Милан се работи сериозно.
Младите играчи докажуваат дека можат да го кажат своето, така што сигурно нема да бидат само за итни случаи, туку вистински алтернативи кога е потребно. Коцките се местат. Верувам дека ќе бидат уште подобри и ќе добиваат поголема минутажа. Тоа е гаранција за успех за клубот“, кажа Пиоли.

ПретходноОткако пропаднаа преговорите со Нотингем, капитенот на Флуминенсе ќе оди во Зенит
СледноАталанта ја засили одбраната со шведски репрезентативец