Драган Ѓукиќ не остана долго време без клуб. По разделбата со АЕК, поранешниот македонски селектор и екс тренер на Вардар веќе е претставен во добро познат тим за него.
Ѓукиќ се врати во Татабања. Унгарскиот тим и српскиот стратег имаа добра соработка, па истата е обновена после пауза од две години.
Овој тим е трет најсилен во Унгарија, веднаш пред неприкосновените Веспрем и Пик Сегед. Подобри резултати се очекуваат пред се во Лига Европа. Татабања не успеа да се пласира во втората рунда, освојувајќи го третото место во групата зад лисабонски Спортинг и романска Констанца.