“Специјалниот“ најави ексклузива: “Сите ќе мислат дека сум будала“! (ВИДЕО)

734

Синоќа по мечот со Кремонезе, во Купот на Италија, на кој Рома и тоа како се намачи за да дојде до победа од 2:1, Жозе Мурињо повторно имаше свое шоу на прес-конференцијата.

Покрај другото, тој најави дека следниот четврток, на 11 јануари, на Нефликс ќе биде објавен гигантски документарен филм за него и дека се она што ќе може да се види на него ќе биде чиста ексклузива:

Кога ќе видите некои работи за мене во тој документарец ќе помислите дека сум будала. Инаку сеуште не сум потпишал нов договор со Рома, сепак јас и дадов збор на Рома“ посочи Португалецот.

Покрај ова Жозе имаше што да каже и за Масимо Мауро, некогашен играч на Наполи и Јувентус, кој сега работи како ТВ аналитичар и кој во една прилика жестоко го критикуваше Португалецот.

Тој не знае да почитува. Тој е некогашен фудбалер и не ги почитува луѓето кои јадат од ист тањир како и тој“ имаше што да каже “Специјалниот“.

ПретходноНова магија на Дончиќ, Далас го декласира Портланд! (ВИДЕО)
СледноНишто од чудо: Хемфрис е светски првак во пикадо! (ВИДЕО)