Турција е убава дестинација за фудбалерите, се заработува добро, но се чини само во оние клубови кои важата за нај, нај и тоа како Фенербахче, Галатсарај, Бешикташ и Трабзонспор. Во останатите има некогаш и тоа какви проблеми во врска со исплаќање на платите. Па така и во Адана Демирспор, во клубот каде што сега повторно е нашиот репрезентативец Јован Манев, кој во изминатите шест месеци беше на позајмица во Осијек.
Имено неговиот соиграч, некогашната ѕвезда на Милан, Мбае Нианг сака што побргу да си замине, тој како што самиот изјавува за медиумите е очаен:
“Моето искуство што се однесува до теренот е во ред. Животот во Турција е убав, но….Има тука едно големо но. Имено ние во Адана Демирспор веќе четири месеци не сме земале плата. Јас можам да разберам таа да доцни, ама четири месеци, тоа е премногу“ истакна напаѓачот од Сенегал.