Рафа експресно до 1/4 финалето во Бризбејн! (ВИДЕО)

119

Рафаел Надал без никакви проблеми денеска во меч од 1/8 финалето на турнирот во Бризбејн успеа со 2:0 во сетови да го победи Џејсон Кублер од Австралија и со тоа да се најде во следната фаза на овој турнир кој е како загревање на се она што ќе се случува на Австралија Опен, кој ќе стартува на 14 јануари.

Надал првиот сет го доби со 6:1, додека вториот со 6:2 и за само еден час и 21 минута успеа да го победи домашниот тенисер.

Во следното коло Шпанецот го чека дуел со исто така домашен тенисер, Џордан Томпсон.

ПретходноДа ги поддржиме пред ЕП 2024: Ракометарите на мегдан со Грција!
СледноКлубот од Тетово со јавен повик: Донирајте за Тетекс!