Спинацола си оди од Рома: Нема шанси да потпише нов договор

199

Фудбалерот на Рома, Леонардо Спинацола нема да го продолжи договорот со клубот и би можел да си замине од Рим уште во јануарскиот преоден рок, изјави неговиот менаџер Давиде Липи.

Липи рече дека „нема шанси“ италијанскиот лев бек да го продолжи договорот, кој му истекува во јуни.

„Ќе видиме како ќе помине јануарскиот преоден рок. Во спротивно, тој ќе си замине кога ќе му истече договорот“, изјави Липи.

Шпекулациите велат дека овој месец тој би можел да се пресели во Галатасарај.

ПретходноЈунајтед ги продолжи договорите со Ханибал, Линделоф и Ван Бисака
СледноНов пораз на Севиља – има најлош ефект во последните десет години