Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Кире Лазаров, на денешниот прв контролен меч со Грција во Скопје нема да смета на искусниот кружен напаѓач, Жарко Пешевски.
Според информацијата, Пешевски имал температура и нема да може да се појави на денешниот меч. Сите останати ракометари ќе добијат своја шанса и минутажа. Лазаров и утре ќе има можност да ги провери нашите сили и тактика, пред заминувањето на ЕП 2024 во вториот контролен меч со Грција, кој ќе биде од затворен карактер.
Дуелот денеска почнува од 17 часот.