Рики Рубио раскина со Кливленд и се враќа во Европа

307

Познатиот шпански кошаркар и еден од најдобрите плејмејкери од таа земја, Рики Рубио не е повеќе член на Кливленд Кавалирс. Тој дојде во Кливленд во 2021 година, а во декември истата година ги скина лигаментите на левото колено и отсуствуваше долг период.

По заздравувањето, Шпанецот потпиша тригодишен договор со Кавалирс вреден 18,4 милиони долари, за потоа во август 2023 година да ја стави професионалната кариера на пауза поради нарушено ментално здравје.

Сега Рубио најде заеднички јазик со Кливленд со кој се договори за откуп на договорот. Како што пишува „ЕСПН“, Рубио ќе се врати во Шпанија но се уште не е јасно во кој клуб.

ПретходноЈетон Беќири: Ќе гледате напаѓачка Шкендија, верувам дека можеме на крајот да бидеме први на табелата!
СледноРафа имаше добиен меч, сепак на крајот загуби од Томпсон!