Откако стана јасно дека Бредли Бил и Кевин Лав нема да бидат во состојба да ги бранат боите на САД на Олимпијадата во Токио, селекторот Грег Попович на нивно место се одлучи да ги повика Келдон Џонсон и Џавал Мекги како замени.
Со ова, најновиот дрим тим ако воопшто во моментов составот на САД може да се нарече така, станува уште по оскуден на квалитет и на Американците ќе им биде уште потешко за да го освојат инаку според нив загарантираното злато.
Игрите започнуваат на 23. јули и ќе траат до 8. август, а турнирот во кошарка ќе се се игра од 25. јули со финале и меч за титулата на 7. август.