Светски првак ќе игра тест со Македонија во Анталија!?

6992

Се очекува само финална потврда на контролниот меч Уругвај – Македонија кој кон крајот на март треба да се одигра во турскиот град Анталија.

„СпортСпорт“ дознава дека тоа е селекцијатата со која треба да почнат подготовките на нашиот национален тим за Лигата на нации која стартува во септември.

Селекорот Благоја Милевски и фудбалерите во февруари ќе ги дознаат ривалите од следниот циклус, а покрај Уругвај за термионот во март се бара уште еден ривал. Аргентинецот Марсело Биелса е селектор на поранешниот светски првак кој му беше тренер на нашиот Џани Алиоски во Лидс. Нунез од Ливерпул, Валверде од Реал Мадрид, Бентакур од Тотенхем се најголемите ѕвезди во моментов која ги има селекцијата на Уругвај.

Македонија и Уругвај никогаш до сега немаат одиграно фудбалски натпревар, а нашиот национален тим со победите над Германија и Италија во изминатите неколку години може да се пофали дека има победи над поранеши победницина СП.

Како што веќе објавиме, Хрватска и Чешка ќе бидат нашите ривали на пријателски дуели во јуни.

ПретходноБаркли го праша Јокиќ дали имаше намера да ја погоди таблата: Пријателе, влезе… (ВИДЕО)
СледноНа Барселона и требаше гол, а Чави го извади Левандовски: Кај мене нема недопирливи!