Браво момци: Кадетите ја победија Словачка на стартот на квалификациите за ЕХФ ЕП 2024

669

Македонската кадетска репрезентација одигра возбудлив натпревар против Словачка во рамките на првото квалификациско коло за пласман на ЕП 2024 година. На крајот победата ја однесоа „црвено-жолтите“ славеа со 27-26 (14-14). Со овој триумф, нашата репрезентација се најде на чекор до заверка на еврошампионатот кој ќе се одржи во Црна Гора.

Петрески со осум гола беше прв стрелец, зад него Митев со пет погодоци и Ристески со четири гола, еден во вистинско време.

Победникот се решаваше во самиот финиш. Второто полувреме беше со доста промени на резултатот, нашите момци во еден момент имаа три гола негатива од 17-20. Нешто подоцна со серија од 3-0 во реализација на Петрески, Ристевски и Гарбески, приредоа пресврт и поведоа со 26-24 на три минути до крајот. Гарбески пропушти шанса да зголеми на плус три, промаши од седум метри.

На другата страна противникот врати за 26-25. Ристески погоди во вистинско време за 27-26, по што следеше одговор на другата страна за 27-26. Танески повика тајм-аут на 30 секунди до крајот.  Секоја секунда беше искористена паметно за големо радост.

Претходно во првото полувреме, Македонија во поголем дел од мечот имаше водство. Имаше 6-3, 13-11 до пред одморот, кога Словачка со серија од 3-1 изедначи на 14-14 по првите 30 минути.

Следен противник на Македонија е Швајцарија, мечот се игра утре во 15 часот.

ПретходноЕве како Хајдук ги казнува своите играчи!
СледноДимитријевиќ со 19 поени за нова победа на Уникс!