Нова одлична партија на Ненад Димитријевиќ и нова победа на неговиот Уникс Казан во рамките на ВТБ лигата. Македонскиот репрезентативец на гостувањето кај Руна Баскет Москва успеа да постигне 19 поени, најдобар поединец кај гостите и со осум асистенции и четири скока.
На крајот Уникс славеше со 78:84. Ова беше 16-та победа сезонава во 20 меч, една помалку од водечката ЦСКА Москва на Емил Рајковиќ, која има и меч помалку одиграно од екипата на Ненад Димитријевиќ кој мина 33 минути во игра на денешниот меч кај Руна Баскет Москва.