Англиската полиција на „готовс“: Хулиганите на Сандерленд и Њукасл се подготвуваат за „војна“

359

Утре англиската полиција ќе биде на нозе. Во исчекување на едно од најголемите дербија на Островот, најавени се и можни хулигански испади кои полицијата ќе се обиде навреме да ги превенира.

Дербито Тајн-Вер ќе се игра на „Стадионот на светлината“, каде Сандерленд ќе ги одмери силите со лутиот ривал Њукасл, судир кој секогаш носи големи немири меѓу навивачите на двата тима. Полицијата во Нортамбрија ќе се обиде да го спречи тоа со спроведување на „најголемата полициска операција досега“.

Според информациите, полицијата ќе има акција за контролирање на толпата навивачи со  челична ограда веднаш штом стигнат 120 автобуси кои се најавени дека доаѓаат од Њукасл за да го следат мечот. Тоа ќе бидат околу 6000 фанови на гостинскиот тим.

Покрај зголеменото полициско присуство на терен, ќе има и дополнителни службеници во двата града. Секое нарушување ќе биде сузбиено и инволвираните ќе бидат веднаш уапсени.

Во 2013 година кога имаше дерби меѓу Сандерленд и Њукасл имаше насилни судири меѓу двете навивачки групи, со 29 лица уапсени хулигани.

ПретходноСе уште нема договор: Санчо оставен во меѓупростор меѓу Манчестер и Дортмунд
СледноБаерн подготвува „клоца“ за Тухел, веќе го одбра новиот тренер?