Во најавата за претстојното Европско првенство во Германија, ЕХФ потсетува на големината на Кире Лазаров и неговите настапи на континенталните првенства во дресот на Македонија.
Лазаров, кој сега во Германија патува како селектор, до пред извесно време беше прв „бомбардер“ на европските првенства. Ги паметиме неговите незаборавни настапи на ЕП во Србија, но и оние 182 гола кои ги има постигнато во дресот на Македонија на досегашните континентални собири.