ЕХФ со најновото рангирање само потврди каква тешка задача ја чека Македонија на ЕП

3307

Европската ракометна федерација го објави најновото рангирање пред стартот на Европското првенство во Германија. Од ЕХФ напоменаа дека овој поредок може да се промени, се чекаат финалните списоци на земјите учеснички, па тогаш ќе знаат вистинските сили.

Рангирањето е направено според моменталните состави и одиграни пријателски натпревари, секако и според самите резултати кои репрезентациите ги имаат во минатото.

Во листата на најсериозни кандидати за освојување на златниот медал се најдоа две репрезентации од нашата група. Станува збор за Франција која во овој продек е на второто место зад Данска, додека пак Германија која е организатор на шампионатот е на петата позиција.

Бранителот на титулата, Шведска е на третото место, зад неа е Шпанија која играше финале пред две години.

Топ листата на ЕХФ ја сочинуваат уште Норвешка, Португалија и Србија.

 

ПретходноШвајцарците демонстрираа сила, победа над БиХ со 18 гола разлика
СледноФенербахче понуди 8 милиони евра за Марсијал