Томас Тухел следната сезона нема да го води Баерн Минхен. Неговото место на клупата на баварскиот великан треба да го заземе Чаби Алонсо.
Според германските медиуми, Баерн Минхен повторно подготвува промена на тренерската позиција. Томас Тухел ќе ја заврши тековната сезона, а потоа ќе продолжи по својот пат, додека Баерн ќе ангажира ново име.
Веќе е познато дека поранешниот фудбалер на оваа екипа Чаби Алонсо, кој на навистина феноменален начин го води тимот на Баер Леверкузен, ќе добие понуда која не се одбива.
42-годишниот шпански стручњак брилјира на клупата на „фармацевтите“ и затоа е голем адут за раководството на најтрофејниот германски тим. Шпанецот беше поврзуван и со клупата на Реал Мадрид, но откако Анчелоти веќе го продолжи договорот, јасно е дека засега ќе остане во Германија.