Големо, огромно засилување за кошаркарскиот тим на Црвена Звезда во пресрет на новата сезона.
Во Белград се враќа Никола Калиниќ досегашниот член на тимот на Валенсија, и еден од најдобрите европски кошаркари во моментов.
Според информациите Црвена Звезда му понуди, а Калиниќ прифати двегодишен договор вреден 1.2 милиони по сезона.
Тој играше за Звезда во сезоната 2014/15, а потоа замина во Фенербахче.