Реал Мадрид е најголемиот и најславниот фудбалски клуб во светот. И кога е така тогаш нема фудбалер во светот кој не сонува барем еднаш да го облече блескавиот бел дрес на Реал и да истрча на “Сантијаго Бернабеу“.
Но за да се дојде до Реал, мора да се мине низ ригорозната скаутинг служба на клубот, а нејзин шеф е Шпанец и Бразилец со двојно државјанство, Хуни Калафат или Хозе Антонио Калафат де Соуза. Овој скаут има 51 година и на оваа функција е од 2017 година, а од 2014 до 2017 бил скаут, но не и главен.
И која е неговата улога во Реал Мадрид?
Се започнува со подготвување на извештаи за сите играчи кои би биле потенцијал за клуб како Реал Мадрид. Се следи формата, во каква состојба се и потоа Калафат и неговиот тим имаат свои предлози. Тие предлози Калафат му ги сугерира на главниот директор на клубот Хозе Анхел Санчез, во одредени моменти се вклучува и тренерот на Реал Мадрид, во овој случај Карло Анчелоти и тие заеднички се договараат кој играч би можел да дојде во клубот. Потоа тие предлози одат на маса кај Флорентино Перез, кој прво се консултира со своите луѓе од клубот, неговите најблиски, за да потоа го повикува Хозе Анхел Санчез сакајќи да го слушне за последен пат и неговото мислење за тој играч кој е “пикиран“ како можно засилување. Откако ќе заврши сиот овој процес, Дон Флорентино вели ДА или НЕ за преговори со менаџерите за тој играч.
Ова значи ако не се покажеш кај Калафат дека вредиш како фудбалер, можеш да сонуваш да дојдеш до Флорентино Перез.