Машката кадетска репрезентација на Македонија е поразена од Швајцарија со 26:27 во вториот квалификациски натпревар за пласман на кадетското ЕП. Македонија и покрај поразот останува во игра за место на ЕП затоа што утре од 15:00 часот ќе играат со Косово кое денеска беше убедливо поразено од Словачка. Да потсетиме дека во првото коло нашите ракометари славеа над Словачка.
Швајцарците тргнаа со предност од 6:1, а Македонија успеа да се стабилизра после 10-тина минути. Сепак, повторно се јави кризен период во селекцијата на Наум Танески која не постигна гол седум минути, а Швајцарците заминаа на полувреме со 15:10.
Во вториот дел Швајцарците отидоа на 21:13 и си го отворија патот до победата. „Црвено-жолтите“ во финишот само ја намали предноста и загуби со еден разлика.
Кај Македонија најмногу голови постигна Дамјан Митев – шест голови, а по пет постигнаа Самоил Ристевски и Теодор Пецаноски.