Шокантно: ПСЖ фаќал врски за Меси да ја добие “Златната топка“ во 2021?!

271

 

ПСЖ е под истрага како што пишува “Ле Монд“. Имено пребогатиот клуб од Париз е обвинет дека фаќал врски за Лео Меси, тогаш нивни играч, да ја добие “Златната топка“ за 2021, што Аргентинецот и ја доби. Според сознанијата на овој француски весник, официјални лица на ПСЖ се обиделе да го подмитат главниот уредник на “Франс Фудбал“ Паскал Фере,кој е главен за оваа манифестација.

Инаку пред неколку дена, директорот за комуникации на ПСЖ, Жан-Мартијал Рибес, исто е под истрага и е приведен од надлежните органи за Франција. И тоа под обвинение дека на познати фаци од светот на политиката им давал билети со цел да има корист за себе и за клубот. Сега се бара начин за тоа дали Фере и Рибес имале некоја посебна “врска“ и дали навистина ПСЖ како клуб влијаел Меси да ја добие “Златната топка“ во 2021.

ПретходноПолноќна промоција: Некогашен тренер на Бохум е новиот стратег на Гостивар! (ВИДЕО)
СледноГерманија во проблеми: За искусната ѕвезда ЕП заврши пред да почне!