Чудо невидено за наши услови. Имено Кустошија, клуб од третата лига во Хрватска продаде играч, и тоа во Лајпциг кај Елиф Елмас, за 5.2 милиони евра. Неговото име е Дино Клапија и има само 17 години. Овој трансфер го потвдрува и фамозниот Фабрицио Романо.
Ете, така се работи. Нека видат сите клубови на Балканот, а посебно во Македонија, дека фудбалот и тоа како е одличен бизнис, само треба да знаеш да го работиш.
За Клапија биле заинтересирани и Арсенал, Дортмунд, Динамо Загреб, но ете “биковите“ од Лајпциг успеале да го доведат.