Езекиел Лавеци, некогашниот репрезентативец на Аргентина, некогашен фудбалер на Наполи, ПСЖ кој на времeто во Кина беше најплатен фудбалер во светот со 20 милиони евра годишна плата, има и тоа какви проблеми. Имено светските медиуми пренесеуваат дека Лавеци се предозирал и дека повторно е во болница на интензивна нега во Буенос Аирес. Се прават напори тој да се доведе во ред. Некои членови на неговото семејство се обидуваат оваа информација да ја демантираат, но се чини безуспешно.
Инаку пред три недели Лавеци беше во болница откако беше прободен со нож.