СпортСпорт во Дизелдорф, Марија Ковачева
„Кога се игра за Македонија секогаш има возбуда и позитивна трема. Ова ќе биде мојот прв натпревар за репрезентацијата на вакво натпреварување. Деби, на фудбалски стадион, пред повеќе од 50.000 гледачи и тоа против Франција. Ова е исполнување на сон. Некој да ми зборуваше дека вака ќе биде, немаше да му верувам“, вели Едвин Омерагиќ.
Франција за сите е предизвик бидејќи има ѕвезден состав, имиња од светска класа, но тоа пак е мотив за сите да одиграат најдобро против најдобрите.
„Играњето, пак, против Франција е посебен предизвик. Играме против најголемите светски имиња. Каде и да погледнеш има ѕвезда. Напред е Никола Карабатиќ, погледнеш десно Дика Мем, на линија Фабрегас. Ќе биде голема борба. Прекрасно е чувството, голема возбудата и сите со нетрпение го чекаме овој дуел“, вели Омерагиќ.