Тимо Вернер се врати во Премиерлигата, потпиша за Тотенхем

450

Тотенхем попладнево потврди дека Тимо Вернер доаѓа во Лондон на позајмица од РБ Лајпциг. Германскиот репрезентативец ќе му се приклучи на клубот на позајмица до крајот на сезоната, со опција договорот да стане постојан на лето. Тој ќе го носи дресот со број 16.

Вернер се враќа во Премиер лигата откако во јули 2020 година потпиша за Челзи. Тој одигра вкупно 89 натпревари за Челзи, постигнувајќи 23 гола и му помогна на тимот да ја освои Лигата на шампионите на УЕФА во сезоната 2020/21, Суперкупот на УЕФА во 2021 година и Светското клупско првенство на ФИФА во февруари 2022 година.

ПретходноАнгеловски на клупата на Е. Пелистер до крајот на сезоната
СледноОмерагиќ: Играме против најголемите светски имиња, ова е исполнување на сонот!