Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи потврди дека има личен договор со ѕвездата на тимот, Килијан Мбапе.
Тој не сакаше да ги открие деталите од договорот, но потврди дека такво нешто постои.
„Килијан е одличен фудбалер, но и одлична личност. Како што рече по натпреварот од Суперкупот на Франција, има договор со мене. Деталите ќе останат меѓу нас, не сакам да откријам каков е овој договор. Но, тој постои. Не сакам да зборувам за пари и да кажам за која сума се однесува договорот. Имаме џентлменски договор, нема врска со пари. Ова е договор меѓу играчот и претседателот, спортскиот директор и тренерот. Тој е потпишан документ“, изјави првиот човек на ПСЖ.