Челзи поразен на „Риверсајд“, Мидлсброу се надева на финале во Лига Купот

208

Второлигашот Мидлсброу славеше со 1:0 во првиот полуфинален меч од Лига Купот на Англија. Вечерва на „Риверсајд“, некогашниот член на наглиската елита, успеа да го совлада Челзи и да понесе минимална предност за реваншот кој ќе се одигра на „Стемфорд Бриџ“.

Единствениот гол на овој натпревар го видовме во првото полувреме. Се играше 37. минута, кога Џонс го вработи Хакни кој погоди за водство, а на крајот и победа на домашните.

Челзи во 4. минута од судиското надополнување во првото полувреме имаше шанса за израмнување, но кога голманот на домашниот тим ја испушти топката, а Палмер од само неколку метри промаши празен гол.

Реваншот е на 23 јануари, а утре во второто полуфинале ќе се сретнат Ливерпул и Фулам.

ПретходноАсвел со новиот тренер ја порази Црвена Звезда
СледноНекогашен голман на Фенер и Газијантеп потпиша за Гостивар! (ФОТО)