Осимен удри по менаџерот на Кварацкелија: Ти си ѓубре! Будало, не го споменувај моето име! (ФОТО)

2837

Се чини дека и дефинитивно владее хаос во Наполи. Резултатите се никакви, тренерот Мацари не знае што да прави, газда Де Лаурентис преговара со Конте, а Осимен и Кварацкелија се расправаат преку менаџерите.

Па така по изјавата на менаџерот на Грузиецот, Мамука Југели дека кога тогаш Осимен ќе се пресели во С. Арабија и тоа само поради парите, неговиот пулен тоа нема да го направи и дека сака да игра само во големи клубови во Европа, Нигериецот збесна.

По сето ова Виктор Осимен сочно го “поздрави“ менаџерот на Квича на социјалните мрежи покрај другото и со овие зборови:

Драги Мамука Југели, ти си ѓубре!Будало, не го споменувај моето име!“.

ПретходноДончиќ и Далас со пораз, во Детроит ништо ново, Дејвис блескаше за победа на ЛА Лејкерс
СледноМакедонија на ЕП има повеќе порази од вкупниот број на победи и ремија