Македонија влегува во историјата, прва ќе игра пред магичната бројка од 53.000 навивачи!

816

СпортСпорт во Дизелдорф, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) против Франција ќе го отвори Европското првенство кое се одржува во Германија.

Овој меч ќе влезе во аналите на светскиот ракомет и во македонската историја. Домаќинот одлучи да урне рекорд по гледаност на еден меч од овој спорт, па стадионот „Меркур Шпил Арена“ ќе претвори во сала, на трибините се очекуваат над 53.000 фанови.

Ракометната репрезентација ќе стане уникатна во македонскиот национален спорт по уште еден податок. Покрај тоа што веќе 13 години во низа учествува на големите натпреварувања, ќе биде првата селекција која ќе игра пред толкав број на навивачи.

Фудбалерите играле на стадиони и имаат едно Европско првенство, но никогаш ја немале таа чест да играат пред повеќе од 53.000 фанови. Истото се однесува и за останатите спортови како одбојка и кошарка.

Затоа денешната средба против олимпискиот првак Франција треба да биде вистинско уживање, и за ракометарите, но и за нас новинарите и фановите, кои дојдовме во Дизелдорф.

Кулминацијата секако ќе биде за втората средба кога Германија ќе ги одмери силите против Швајцарија (20:30 часот). Се подготвува спектакл пред и по завршување на дуелот. Од ЕХФ веќе одамна најавија дека ќе има забава на стадионот.

Останува да видиме како сето тоа ќе изгледа.

ПретходноЕве како фан на Лејкерси си заработи 100.000 долари! (ВИДЕО)
СледноВо ПСЖ се разочарани од Меси: “Лео е најдобриот играч во светот, но….“