Шкендија го посакува Куевен, се преговара со Трумчи од Албанија!

1370

Инацио Куевен, довчерашниот фудбалер на Шкупи, еден од најдобрите во ПМФЛ во изминатите сезони е трансферна желба на Шкендија. Како што велат нашите информации, тетовци се заинтересирани за Бразилецот, но сепак прашање е дали ќе успеат да дојдат до него ако се знае дека тој, откако му истече договорот со Шкупи и си замина од Чаир, посакува кариерата да ја продолжи надвор од Македонија.

Исто така нашите информации велат дека се преговара со Александер Трумчи, дефанзивец кој може да игра и како бек по таа десна страна. Тој играл во Билис Балш во времето кога сегашниот стратег на Шкендија, Јетон Беќири, го водеше тој тим од Албанија.

ПретходноМалески и официјално во Тиквеш!
СледноСо срце за Македонија: Македонската химна ечи во Дизелдорф (ВИДЕО)