ФИФА го суспендира Марк Овермарс

408

 

Поранешниот холандски репрезентативец Марк Овермарс нема да работи во професионалниот фудбал една година поради непримерно однесување кон службенички на Ајакс Амстердам. Тој испраќал непримерни соопштенија и фотографии на неколку жени во клупските канцеларии, а Ајакс го отстрани од функцијата спортски директор во февруари 2022 година.

Независен спортски суд го санкционира Овермарс во рамките на холандскиот фудбал, а по напуштањето на Ајакс, Овермарс започна работа како технички директор во белгиски Антверпен. Но по барање на локалната Федерација, ФИФА го направи суспензијата глобална.

Овермарс нема да може да извршува никаква дејност во фудбалот една година.

 

ПретходноМакедонија има четири гола негатива по првото полувреме
СледноМакедонските ракометари поразени од олимпискиот првак на стартот на ЕП 2024 (ФОТО)