Македонија има четири гола негатива по првото полувреме

196

СпортСпорт во Дизелдорф, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Франција има негатива од 17-13. Избраниците на Кирил Лазаров имаат одлични 30. минути, а предводникот на националниот тим добро подготвена тактика.

Џонов има четири гола, Кузмановски постигна три гола, Талески и Пешевски имаат по два погодоци. Митревски има седум интервенции.

Дуелот започна со две промашувања на двете страни, а Талески го отвори мечот за 1-0. Нашите ракометари застанаа цврсто против големата Франција. По негатива од два гола 4-2, Телски и Костески израмнија на 4-4, а потоа по нови две одбрани на Митревски, Македонија го запиша првото водство на мечот, Џонов стрелаше за 6-7 во десетата минута.

Не искористивме шанса за ново водство, па следеше казна на другата страна Мем со два гола врати за 8-7.  Нови две одбрани на Митревски, донесе нова разврска на теренот, Кузмановски со два гола и Пешевски со еден вратија за 8-10 на средината на првото полувреме. Фитиљ имаше шанса да зголеми и на плус три, но не успеа да реализира од контранапад.

Олимпискиот првак брзо се врати, ги казни нашите технички грешки во низа, поведе со 12-10 во 21 минута. Џонов го прекина налетот на противникот (12-11), но следеа два нови гола за 14-11. Лазаров мораше да го повика својот прв тајм-аут.

Митев веднаш реализираше, а на другата страна Митревски ја запиша седмата одбрана, но не искористивме ништо од ова. Франција повторно дојде на плус три, Митревски на момент спречи, актуелниот олимписки првак да реализира за повеќе. Македонија не се снајде во нападот, па на семафорот стоеја 16-12, со оваа негатива заврши првото полувреме (17-13).

ПретходноНемања Матиќ го напушта Рен затоа што клубот не го испочитувал планот за школување на неговите деца
СледноФИФА го суспендира Марк Овермарс