Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар, кој моментално се опоравува од тешката повреда на коленото, даде неколку интересни информации за времето поминато во Пари Сен Жермен. Тој се присети на периодот кога играше заедно со Лионел Меси, кој исто така го напушти францускиот гигант.
„Лионел Меси и јас поминавме низ вистински пекол во Париз. Ни недостигаше Барселона“, изјави Нејмар.
Бразилецот мина шест години во Пари Сен Жермен и сè уште го држи рекордот за најголем трансфер. Францускиот клуб и плати на Барселона извонредни 222 милиони евра за него.