СпортСпорт во Дизелдорф, Марија Ковачева
Македонската ракометна репрезентација со пораз го отвори првиот дуел на Европското првенство. На стадионот „Меркур Шпил Арена“, актуелниот олимписки првак ја оправда фаворитската улога, славеше со 39:29.
Одлично прво полувреме за избраниците на Кирил Лазаров. Застанаа цврсто против олимпискиот првак, дури и имаа во одреден дел од мечот имаа водство од два гола. Мечот го отвори Талески (0-1), Франција очекуваше по 4-2 лесно да го урне отпорот на „црвено-жолтите“, но тоа не се случи. Вечерва во имавме расположениот Митревски на нашата мрежа, кој запиша осум одбрани. Токми по негова интервенција, Македонија направи серија од 2-0 и со голот на Костески поведе со 5-6, беше и 6-7.
Искусниот голман, по нова интервенција го подигна нашиот тим, Кузмановски (два гола) и Пешевски донесоа највисоки на мечот (8-10) на средина на првото полувреме, имавме шанса и за плус три, но Фитиљ не реализираше. Во продолжение, противникот ги казни нашите технички грешки кои се нижеа во серија, па дојде на плус три (14-11). По тајм-аутот на Лазаров, Македонија реализираше за 14-12, но потоа прими два гола, па „триколорите“ отидоа на плус четири 16-12, на одморот беше 17-13.
Талески го отвори и второто полувреме (17-14). Тешко беше да се вратат избраниците на Лазаров и да застанат рамо до рамо, беше 19-14, а потоа и 23-17 во 40. минута. Но, во ниту еден момент не се откажаа. Се обидуваа да ја намалат негативата и да покажат дека сепак не се толку големи аутсајдери.
Лазаров во последните десетина минути тргна со „7 на 6“, но во неколку наврати направивме технички грешки кои Французите ги казнија со брзи голови. Митревски продолжи со добри интервенции и не одржуваше на пристојна негатива.
„Триколорите“ стигнаа и до предност од 10 гола, но ние успеавме во последните минути да намалиме на едноцифрена предност за противникот.
Во нашата репрезентација најефикасен беше Жарко Пешевски со 7 гола, додека Џонов заврши со 6 погодока, од кои дури 4 беа во првото полувреме. Четири гола останаа запишани зад името на Филип Кузмановски, колку што имаше и Лазаревски.
Во редовите на Франција 100% ефект во нападот имаа Дескат со 7 и Нахи со 6 гола. Пет погодока запиша Дика Мем, најголемиот дел во првото полувреме.
На голот на нашата репрезентација Никола Митревски имаше 10 одбрани.
Македонија во следното коло игра против домаќинот Германија на 14.01. во Берлин.