Кузмановски: Имавме многу позитивни работи, но Франција е фаворит за злато

163

Со четири постигнати гола, Филип Кузмановски имаше солидна партија на денешниот дуел со Франција. По мечот и самиот истакна дека Македонија денеска играе против можеби и првио0т фавирот за златото.

„Со нетрпение го чекавме мечов. Бевме многу мотивирани, игравме против Франција која за мене е фаворит за златото. Мислам дека не ти треба посебна мотивација да играш против еден ваков тим. Задоволен сум од играта во првото полувреме, но квалитетот на Франција се виде потоа. Секоја грешка ја казнуваат, тоа е нивниот квалитет. Има многу работи кои можеме да ги научиме од нив. Видов многу позитивни работи од нашата игра, имаме и доволно време од четири дена да направиме анализа. Да се одмориме и да се подготвивме за следниот меч“, изјави Кузмановски.

ПретходноМарко Митев: Влеговме мотивирано, потоа фокусот падна, толку треба кога играш со една Франција!
СледноНикола Митревски: Не треба да се срамиме од тоа што го покажавме против Франција!