„Фалангата“ има чиста десетка!

531

СпортСпорт во Дизелдорф, Марија Ковачева

Македонските ракометари и овој јануари ја уживаат поддршката од фановите. Дел од „Фалангата“ пристигна во Дизелдорф. Иако стадионот „Меркур Шпил Арена“ е огромен, сепак не можеше а да не се слушне навивањето на македонските фанови.

За време на целиот меч против Франција на стартот на ЕП 2024 ги бодреа ракометарите. Најавија дека вака ќе биде и во Берлин, каде нашата репрезентација ги игра следните два меча од групната фаза, против Германија за четири дена и против Швајцарија на 16. јануари.

„Фалангата“ има чиста десетка, таа е веќе препознатлива на сите големи натпреварувања. ЕХФ во својата најава за Македонија пред стартот на ЕП 2024 имаше посебен дел токму за македонските фанови.

ПретходноМем: Македонија има млад тим со голем потенцијал!
СледноСтручен коментар – Ристо Магдинчев: Добри и квалитетни први 20 минути, повторно имаме проблем со одбраната!