Фудбалерите на Баерн (М) ја остварија 13-тата победа во тековната сезона во Бундеслигата во премиерниот меч од пролетниот дел од Бундеслигата. Вечерва на домашен тере момците на Тухел со убедливи 3:0 го совладаа Хофенхајм.
Два гола за шампионот постигна Мусиала, а конечните 3:0 ги постави Хари Кејн. Интересно е што Баварците вечерва му оддадоа посебно признание на неодамна починатата легенда на клубот, Франц Бекенбауер, па на средбат анастапија со специјално дизајнирани дресови во негова чест.