Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во дебито во дресот на германски Лајпциг одигра едвај 7 минути. Нашиот интернационалец кој зимава се пресели од Наполи во Бундеслигата, остана на клупата за резерви во изборот на тренерот Розе до 88. минута, кога доби шанса да влезе на теренот, но се чини беше предоцна.
Лајпциг во дербито славеше со 0:1 со голот на Кнауф постигнат уште во 7. минута на средбата. Иако домашните се мачеа цел меч, Розе не се одлучи да му дад поголема минутажа на Елиф.
Воостанатите дуели од рвото пролетно коло во Бундеслигата денеска беа постигнати следните резултати:
Келн – Хајденхајм 1:1
Аугсбург – Баер (Л) 0:1
Фрајбург – У. Берлин 0:0
Мајнц – Волфсбург 1:1