Во Германија сите очи се вперени кон денешната втора средба на домаќинот на Европското првенство против Македонија. Дуелот се игра во 20:30 часот во „Мерцедес Бенц Арена“.
Германските ракометарии одиграа одличен меч против Швајцарија, која се прикажа под очекувањата, на теренот во бледо издание беа и бомбардерите од кои се очекуваше многу подобра партија.
Новинарите денеска на најразличен начин го најавуваат мечот. Има Германци кои се поврзани токму со Македонија, а еден од нив е Кристијан Дисингер. Поранешниот вардарец и македонски зет, кој е во брак со Марија Андоновска предупреди дека нашата репрезентација не треба да се потцени.
„Македонија е послаба од германскиот тим, но е многу непријатно да се игра против неа. На Германците ќе им биде потешко отколку против Швајцарија. Македонија има многу млади играчи кои имаат што да загубат. Германија, од друга страна, е под притисок. Германија ќе го добие дуелот, но нема да биде лесно како против Швајцарија“, вели Дисингер.